На 21.05.2022 во 17,45 часот во СВР Скопје, Ќ.Б. пријавил дека во Старата скопска чаршија, на ул.„Самоилова“, во Скопје настанал пожар во кујна од хотел.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а на седум лица, според до сега пријавеното, им е укажана помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ или други болници. На повеќе лица им е пружена лекарска помош на лице место.. Известен е јавен обвинител и по насоки од обвинителството се врши увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.