Сметаме дека е изречена една висока казна за дела коишто во текот на целокупната постапка како одбрана наведувавме дека нема елементи на истите и не се исполнети законските битија. Ова за нас не е конечна пресуда, дефинитивно ќе го искористиме законското право на жалба, најави одбраната на Марјан Стаменковски по објавувањето на пресудата против него денеска во Основниот кривичен суд Скопје.

Како по однос на жалба на пресудата, одбраната, исто така, најави и жалба на решението со кое е продолжен притворот на Стаменковски.

– Со оглед дека навистина е влошена здравствената состојба и има добиено шеќер. Веќе влегува во некоја група на инсулинска терапија, каде што дефинитивно третманот не може да биде соодветен во условите каде што моментално се наоѓа, изјави бранителката на Стаменковски, адвокатката Марија Петрезанова.

Петризанова, исто така, посочи дека во однос на тоа дека постојат елементи за чисти навреди и клевети, од страна на оштетените не биле поднесени соодветни граѓански постапки за граѓанска одговорност.

– Конкретно за овие оштетени, кои се јавуваат во оваа постапка не претходеа претходно постапки за граѓанска одговорност, а за останатите не сме запознаени, изјави Петрезанова.

null

Стаменковски, доби единствена казна затвор од три години и еден месец и парична казна од пет илјади евра за вккупно пет дела кои му се ставаат на товар.
Судот денеска објави дека Стаменковски е виновен затоа што преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, со намера да прибави за себе лична корист по пат на закани и уцени кон повеќе лица, ширел расистички и ксенофобичен материјал во јавноста.
За секое од делата „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“,  „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и за „злоупотреба на лични податоци“, Судот му одреди по една година затвор односно вкупно четири години затвор, но согласно закон му одреди една единствена казна затвор од три години и еден месец, во која се засметува и времето поминато во притвор.
Стаменковски во рок од три месеци треба да плати и парична казна во висина од 250 дневни глоби, при што секоја глоба во вредност од 20 евра или вкупен износ од 5 000 евра.
Судот, исто така, му изрече и казна забрана за вршење дејност во период од 10 години за регистрација и водење на домен. Оштетените во случајот, кои преднајавија штета, Судот ги упатува во граѓански спор.
Стаменковски се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје од средината на февруари годинава.
Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Јавноста во случајот беше исклучена од главната расправа заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците