Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12.12 и 13.12.2022 година (понеделник и вторник) во работна посета на Македонија ќе пристигне претседателот на Парламентот на Косово.

Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.