„Ало, добар ден, поставена е бомба на Железничка станица во Скопје“. Ваква анонимна порака од скриен телефонски број денеска добиле вработените во железничката станица во главниот град, кои веднаш го пријавиле случакот во полиција, дознава Плусинфо од извори во раководството на ЈП „Железници-Транспорт“.
Врие од полиција. Евакуирани се сите вработени во железничката станица, во автобуската станица, како и вработените во казината и дуќаните. Никој не смее да влезе во објектот. Присутна е специјалната полиција за спречување тероризам – велат соговорниците.
Информација побаравме од Министерството за внатрешни работи (МВР), но не успеавме да оствариме контакт поради презафатеност на телефонските врски
Comments are closed for this post.