Вчеравечер целосно изгоре „Тојота“ во населбата Аеродром кај „Мајчин дом“. Од автомобилот нема ништо останато и во целост е уништен.

Се уште не се знае која е причината, дали пожарот е подметнат или пак се работи за дефект на возилото поради неисправна инсталација.