Дали МВР е претворено во дувло на криминалци? Вакви прашања поставуваа граѓаните на социјалните мрежи откако беше објавено видео во кое во главна улога е заменик директорот на БЈБ Ариф Асани.

На видеото објавено на Твитер се гледа пукање кон полициски службеници и  како Асани пристигнува на местото. Потоа врши притисок криминалецот кој пукаше кон полицајци да биде ослободен

По кратка расправија мисијата на Асани беше успешно завршена.Тој го ослободи криминалецот и си задоволен го напушти местото.