Автомобил пресретнувач на српската полиција запрел педесет и осумгодишен македонски државјанин кој на автопатот од Батровац кон Белград управувал со „мерцедес“ со брзина од 212,6 километри на час, за 82,6 повеќе од дозволената.

Возачот е изведен пред надлежен судија за прекршоци, кој му изрекол глоба од 100.000 динари и му изрече забрана за возење во Србија во траење од осум месеци.