Во сообраќајната несреќа на патот Гостивар – Кичево во која загина едно лице, седум се повредени, а четири од нив се префрлени во Скопје, учествувал и Зоран Милевски Кичеец, кој се наоѓа на отслужување на акзната затвор во Струга поради случајот „рекет“.

За тоа како Кичеец се нашол на слобода, се јавија две верзии и двете од официјалени лица и органи на РМ.

Така, според Управата за извршување на санкции, тој користел 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи.

-Со одлука на Управата за извршување санкции, лицето Зоран Милески користи 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи. Определеното време за медицински испитувања е од 08.08 до 08.09, се вели во одговорот од Управата пренесен од МИА.

Меѓутоа, директорот на затворот во Струга Ваљон Ќуља за МИА изјави дека осудениот Зоран Милески Кичеец, на негово барање, бил на прекин на казната од 11 август до 11 септември поради болест на неговата мајка.

Бидејќи двата одговора не се совпаѓаат, очигледно е дека или директорот на затворот или Управата лажат. Или, сега ќе кажат дека Кичеец с енашол на слобода и порадиедното и поради другото?