Власта на Заев дозволува лица осудени за криминал наместо во затвор да хараат низ Македонија. Последниот случај со осудениот за „Рекет“, кој наместо на отслужување на казна учествуваше во сообраќајна несреќа со фатални последици, само покажува дека во Македонија со Заев нема право, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

И не е само тој, десетици други робијаши се на слобода. Заев наредува, судот ги ослободува, АНБ и МВР ги штитат. Целта на ослободување на робијаши пред избори е јасна, истите да му помогнат на Заев да го ублажи поразот. Робијашите треба да заплашуваат, уценуваат, поткупуваат граѓани. Членството и коалициските партнери го напуштаат Заев и затоа му требаат робијашите на терен.

Очигледно криминалецот Заев се опкружи со такви како него. Сликата за мафијата на власт и нејзината коалиција со подземјето се официјализираа.