Бугарскиот министер Милков  најави дека Пендиков ќе има  средба со бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, „на која ќе се прецизира во колкава мера и дали му треба обезбедување на нашата територија, за да не стане жртва на провокација“.

„Во однос на дискриминацијата – секогаш сме чувствувале дека тоа не е само конзуларно прашање. Дискриминацијата е политичко прашање“, додаде тој.

Милков се надева дека Христијан Пендиков брзо ќе добие бугарско државјанство.