Високиот полициски службеник кој денеска бил приведен во големата акција со заплена на дрога бил близок до премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,тврдат извори на „Република“. Според нив се работи за висок полициски службеник од Прилеп, кој честопати се појавувал во друштво на Заев и Спасовски.

Денеска околу 14 часот на патот од Плетвар кон Кавадарци била блокирана едната коловозна лента од страна на дваесетина полицајци во цивилна облека, со лента на рака. Биле запрени две возила, комбе и ауди. Подоцна Спасовски на својот фејсбук профил објави дека се работиза акција во која е запленета дрога.

Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник, информираше преку „Фејсбук“ министерот.