Технолошката компанија „Самсунг” објави пад на оперативниот профит од 56 отсто во вториот квартал од оваа година, како последица на слабиот пазар на мемориски чипови.

Финансискиот извештај покажа дека оперативната добивка падна на 6.600 милијарди вони (5,6 милијарди американски долари) во периодот од април до јуни.

Резултатите на „Самсунг”, водечки светски бренд за паметни телефони и мемориски чипови, беа незначително повисоки од прогнозата што компанијата ја објави минатиот месец.

Тие резултати ја изразуваат “неизвесноста, не само во деловните области, туку и во промените на глобалното макроекономско опкружување”, се наведува во соопштението од „Самсунг”.

Јапонија планира утре да ја отстрани Јужна Кореја од списокот на земји што добиле повластен трговски третман.