Со  реализацијата на проектот „зелена нафта“, 200 милиони денари ќе се вратат кај земјоделците, велат од Центар за комуникации на СДСМ

55.000 земјоделци кои  поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018 ќе можат да набавуваат за 30 отсто поевтина нафта за земјоделска механизација. Со персонализираната картичка и со расположливата сума ќе може да се точи исклучиво „евродизел“ за земјоделската механизација.

Пресметката за тоа, кој земјоделец колку ќе има на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции, при што минималниот износ износ кој ќе биде одобрен за мали производители е 500 денари, додека највисокиот износ е лимитиран до 100.000 денари, велат од СДСМ.

Целта на мерката, споре СДСН  е да се намалат трошоците на земјоделците, а воедно да се мотивира поконкурентно производство, а земјоделците да го окрупнат своето производство.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак посочуваат дека  мерката „Зелена нафта“ е квази мерка и дека власта на СДСМ продолжува без срам да ги лаже граѓаните.

Со мерката „Зелена нафта“ власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци. Од оваа популистичка и неефективна мерка земјоделците нема да имаат никаква корист.

Со оваа мерка СДСМ не ги решава проблемите на земјоделците. Тие имаат проблем со пласманот и цената на нивните производи. Поради лаги и лошите политики во земјоделието СДСМ треба веднаш да си замине од власт и да се распишат предвремени парламентарни избори, соопштуваат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ  велат кога ќе победат  на предвремените парламентарни избори ќе започне ерата на реални мерки за македонското земјоделство.