Американскиот министер за трговија Вилбур Рос потврди денеска дека забраната за тргување со кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ нема да стапи на сила во следните 90 дена.

САД кинеската компанија ја ставија на црната трговска листа, со образложение дека нејзините активности ја загрозуваат националната безбедност и дека нејзината опрема може да се користи за шпионирање во корист на Пекинг.

Рос додаде уште 46 ограноци на „Хуавеј“ на црната листоа со кои САД нема да тргува.

„Хуавеј“ доби привремена дозвола заради олеснување на преминот, а кој требаше да истече денеска.

Одложувањето на мерката е осмислено како би се овозможило на компаниите како „Гугл“ да тргуваат со оваа компанија додека се прилагодуваат на забраната.

Рос нагласи дека продолжувањето ќе помогне на американските корисници.

„Хуавеј“ преку соопштение наведе дека е против одлуката за додавање ограноци на црната листа и дека донесената одлука е политичка.