Пред Владата денеска, по кој знае кој пат, протестираа работниците од прилепски Еурокомпозит.

Не исплатени 20 плати, седум години неисплатени приодонеси, неисплатени отпремнини  на оние што  беа прогласени како технолошки виошок, се само дел од проблемите кои ги мачат вработените од Еурокомпозиот и за кој од ден на ден  пополека губат надеж дека ќе се смени на подобро.

Се пожалија дека, од пред две години до сега, властите на секои два месеци им ветувале дека ќе им го  решат проблемот, но до ден денеска нема ништо од ветувањата. Затоа до конечно решавање на проблемот  информираа деќа ќе стават  шатори се до исполнување на нивните барања.

На последната средба вицепремиерот Анѓушев ни вети исплата на отпремини и 3 заостанати плати и еве колку време помина,, барем да има доблес вицепремиерот да дојде и да се извини, изјави еден од вработените од Еурокомпозит.

Тие го потсетуваат и премиерот Заев, за ветувањата што ги дал на пратенички прашања.