Зоран Заев и СДСМ нанесоа вистинска штета во земјоделието. Слабиот откуп и ниските откупни цени се главниот проблем, поради кој земјоделците се на раб на егзистенција. Никогаш во македонската историја не се случило земјоделците да ги корнат своите родни овошки и да ги фрлаат затоа што неможат со овоштарството да ги покријат основните трошоци. Нивите се запуштени. Се помалку се сее.Власта три години со прст не мрдна. Ништо од тоа што ветија не реализираа. Земјоделците ги живеат најлошите денови од своето работење, реагираа денеска од ВМРО ДПМНЕ на  изјавата на министерот за земјоделство Трајан Димковски, кој кажа дека протестите на земјоделците биле политички.

Власта која крева вооружени специјалци против својот народ не заслужува да биде власт.Зоран Заев и Трајан Димковски треба да знаат дека земјоделците не можат да ги излажат со исплата на субвенции за време на протест.Субвенциите се програма која повеќе од 10 години се исплаќа и тоа е нивно право.На 12 април СДСМ заминува во историјата. Од 12 април ќе почне обновата на Македонија и враќање на гордоста ма земјоделецот, велат од Центарот  за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ