Заевизмот ја поскапе електричната енергија за граѓаните. Ова поскапување е колку две нови сметки на годишно ниво. Ете каков катастрофален удар на стандардот предизвика заевизмот, преку соопштение до јавноста денеска истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Електричната енергија освен базичното поскапување, дополнително поскапува и по основ на укинувањето на евтината дневна тарифа. Оттука вкупното поскапување изнесува над 15 %. Ова значи дека едно семејство кое плаќало по 2000 денари месечно за електрична енергија ќе плаќа сега по 2300 денари плус ДДВ. Ако се земе предвид дека намалената стапка на ДДВ ќе се враќа етапно во текот на следната година ударот по семејниот буџет ќе биде уште поголем. Уште полошо поминуваат компаниите кои набавуваа електрична енергија на слободниот пазар. Тие денес плаќаат неколку кратно повисока цена и се на работ на егзистенцијата, велат од партијата.
Од таму додаваат дека оваа новогодишна честитка која пиунот Ковачевски и заевизмот му ја испорачаа на народот, Народот со поскапувањето на струјата од свој џеб ја плаќаат неспособноста, неодговорноста и криминалните тендери на власта.
-Да потсетиме дека од август 2020 година до денес цената на струјата кумулативно порасна за околу 40%. За една и пол година! Најпрво летото 2020 година струјата поскапи 7,5%, потоа летото 2021-ва уште нови 12,5%, за сега над 15%. Поскапување на поскапување и дојдовме до околу 40%. Да биде уште потрагично и покрај сите овие поскапувања МЕПСО и ЕЛЕМ се претворија во загубари. ЕЛЕМ има рекордно најниско ниво на произведена домашна струја, нема доволно јаглен и акумулациите се празни, а МЕПСО нелегално влече струја од европската мрежа. Ете до кое дереџе го донесе заевизмот енергетскиот систем во Македонија. За ова мора да има одговорност, потенцираат од партијата.
Comments are closed for this post.