Заев лаже кога вели дека ја намалил јавната администрација. Доволно е само да се погледнат буџетите на Република Македонија во последните 4 години и ќе се воочи зголемување на ставката за плати и надоместоци за 75 милиони евра во 2021 наспроти 2017 година, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
Ако во 2017 година од буџетот се одвојуваа околу 425 милиони евра за плати и надоместоци, оваа година се одвојуваат 500 милиони евра. Тоа е покачување за скоро 20%.
Овие факти се несоборлив доказ дека Заев не ја говори вистината и дека наместо намалување како што тврди ја зголемил администрацијата и тоа за околу 20%.
Заев да не лаже и да не манипулира, нема институција каде не изврши полнење со партиски активисти и роднини на функционери. Видовме како вработува СДСМ и како се добиваат работните места. Со Заев на чело на државата нема место за компетентни кадри, само за партиски лица.
Затоа и администрацијата е неефикасна како што вели Заев пред приватните стопанственици, затоа што наместо најспособните, Заев ги вработи најголемите негови послушници, за да ги контролира институциите, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.