Надворешниот долг на крајот на вториот квартал од годинава изнесува 3.395 милиони евра или 29,3 проценти од проектираниот БДП што претставува квартално зголемување за 107 милиони евра, објави попладнево Народната банка. Поголемо учество во вкупниот нето долг има приватниот долг (60 проценти).

Според статистичките показатели објавени од централната банка, бруто надворешниот долг изнесува 10.159 милиони евра или 87,6 проценти од БДП и бележи квартално зголемување од 353 милиони евра.

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 6.764 милиони евра или 58,3 проценти од БДП и бележи зголемување од 246 милиони евра.

– Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 7.111 милиони евра, или 61,3 проценти од проектираниот БДП за 2021 година и на квартална основа е зголемена за 162 милиона евра. Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел, или 84 проценти, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал, се наведува во соопштението од Народната банка