Само Костадинов и СДСМ гледаат успешна економска политика на владата. Додека народот тоне во сиромаштија, а околу 600 илјади граѓани едвај преживуваат, тие се фалат со флоскули и планови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од партиското соопштение: 

Во Македонија поради погрешните економски политики на власта на Заев има над 60 илјади нови невработени, а клуч на вратата само минатата година ставија 6200 компании. Од ветената помош од 1,2 милијарди евра до граѓаните и стопанството стигнаа само 350 милиони, а патем државата се задолжи за над милијарда евра само за една година. Парите наместо кај народот завршуваа во матни тендери и набавки или пак грантови за иновативно богатење на власта и фирмите блиски до власта.

Што се однесува за лагите и манипулациите на СДСМ за изградбата на Клинички центар, ќе повториме дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту граѓаните ќе дозволат мега криминал од страна на најкорумпираната власт во Европа предводена од Заев. Тие се обидуваат со застарена физибилити студија на 30 страни да потрошат над половина милијарда евра, исто како што се обидоа да земат провизии при набавката на кинеските вакцини, исто како што сакаа да направат криминал со крвавиот тендер за реагенси и десетици други големи корупциски скандали.

Оваа власт предводена од Заев денот го почнува размислувајќи како да украде пари, а не како да работи за граѓаните. Затоа Македонија е најкорумпирана, најсиромашна и најбесперспективна држава во Европа. Затоа имаме најниско ниво на странски инвестиции и најмалку капитални инвестиции во цел регион. Костадинов и СДСМ треба да знаат дека за секој украден денар од страна на оваа власт, ќе одговараат.