Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски денеска на барање на земјоделците оствари посета на Росоман од каде рече дека за прв пат се сретнал со тоа дека на земјоделците им се даваат откупни белешки каде што стои името и презимето на земјоделецот, количината но меѓутоа цена нема.
„Ова е уште една манипулација со трудот на земјоделците. Ги повикувам уште еднаш Зоран Заев, министерот Николовски кој што само за Зоран Заев е успешен министер да конечно се охрабрат и излезат помеѓу земјоделците. Да датат инпут, да дадат помош бидејќи овие луѓе се навистина на работ на егзистенцијата веќе трета година по ред, изјави Трипуновски.
Тој посочи дека ситуацијата е алармантна, а земјоделците не само што немаат каде да го продадат родот, едноставно не ги ни берат праските.
„Праските како што сами гледате се на своите дрва, стојат неберени бидејќи нема пласман. Земјоделците, трудот кој што треба да го вложат за берба, транспорт, за амбалажа итн. едноставно е неисплатлив. Родот стои на дрва, а земјоделците се во една очајна ситуација. Ние неколку пати како партија ги повикувавме надлежното министерство и премиерот Зоран Заев, кои што само да потсетиме во 2016 година одеше низ Македонија и ветуваше загарантиран откуп, повисоки откупни цени итн, рече Трипуновски.
Тој потсети дека ова што се случува не е за прв пат, туку се случувало и минатата година, но и во 2017-тата и повика одговорните да излезат на терен ако не да си поднесат оставка.
Comments are closed for this post.