ВМРО – ДПМНЕ го обвини министерот за финансии Драган Тевдовски и СДСМ за водење лоши економски политики. Дотолку што денеска јавно признале дека владата не е способна да креира Буџет.

Од партијата бараат владата да одговори дали со лошото работење со економијата се доведени во прашање редовните исплати на пензии и социјални трансфери? И дали економијата на Република Македонија е пред крах и пред банкрот?

Како што кажа портпаролот на партијата Димче Арсовски, на прес конференција по тој повод, не треба да чуди тоа што ММФ и Светска банка излегоа со намалени проекции за стапката на економски раст за оваа година во споредба што владата очекуваше претходно.

Прес конференцијата за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ви ја пренесуваме во целост: