Не се доведени во прашање ниту пензиите ниту социјалните трансфери. Ниту пак економијата е пред крах како што лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопшението на СДСМ испратено до медиумите.

Од СДСМ преку соопштението истакнуваат дека целта на Предлог-ребалансот на Буџетот за 2018 година е да се направат корекции на расходната страна со цел зајакнување на Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Агенцијата за вработување, како и да се обезбеди финансиска поддршка за општините со цел да се намалат долговите на општините, направени токму во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека во изминатиот период раководството на ВМРО ДПМНЕ се профилира како кочничар на економијата и блокатор на иднината на државата, на членството во НАТО и ЕУ.

Реакцијата следи по прес конференцијата на која опозицијата го обвини министерот Тевдовски и СДСМ за водење лоши економски политики.