„Бележиме одлична реализација на капиталните инвестиции предвидени во ресорот „транспорт и врски“, сподели денеска министерот Горан Сугарески. Според него, во 2019 година се „собираат плодовите од затекнатите административни пречки од минатиот период“.
„Заклучно со јуни реализираме 50% од гасификацијата. Уште од сега со сигурност може да најавам 100% исполнување на овој клучен проект. Изградбата на социјалните згради е 100% реализација. Во моментов работиме на изградба и рехабилитација на 44 патишта или вкупно 550 километри. Течат 28 проекти за изградба на 187 киломтри комунална мрежа која ќе служи за 225 илјади жители. 2019 година е економска година“, вели Министерот.
Comments are closed for this post.