Германската влада одобри стимулативен фискален пакет од 130 милијарди евра кој подразбира намалување на данокот и помош од 300 евра за секое дете во семејство.

Овој потег е креиран за да се крене економијата, затоа што пандемијата ја клекна на нозе и најјаката сила во Европа. Освен намалување на ДДВ- то и парична помош за семејства со деца, новите мерки вклучуваат и олеснување при купување на е- автомобил.

Преговорите за овој пакет траеле 21 саат.

За да се зголеми потрошувачката, ДДВ- то ќе биде намалено од 19 на 16% , а тоа стапува на сила од први јули оваа година и ќе трае до 31 декември. Тоа германската влада ќе ја чини 20 милијарди евра.

Тие кои сакаат да купат е- возила, ќе имаат посебна поддршка во износ од 6 000 евра, што е двојно поголема цифра од претходно, со што и претприемаачите ќе имаат корист од новиот пакет

Услужниот сектор, туризмот , забава и останатите најмногу погодени од кризата ќе добијат помош од вредност од 25 милијарди евра и тоа ќе трае од јуни до август.

Ова е продолжение на пакетот воведен во март,