Неизвесно останува кога и за колку ќе се покачи минималната плата во земјава. Во тек се преговорите меѓу Владата, синдикатот и работодавачите  и во  оној момент кога ќе има конечен став за ова, јавноста ќе биде навреме информирана  вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Кога ќе има конечен став и која ќе биде сумата, ќе ја известиме јавноста. Да не калкулираме со суми додека тоа не биде јасно дефинирано, изјави Царовска.

Царовска  апелира да не се калулира со  суми, но токму тоа  деновиве и се случи, односно јавноста доби впечаток дека дека сумите за минималната плата се вадат од “ракав’ . Во медиумите  се појави   информацијата дека висината на минималната плата ќе биде 15.500, а ја објави министерот за економија Крешник Бектеши, Владата експресно го демантираше со ставот дека се уште се преговара.

Експресно стигнаа  и реакции од работодавачите.  Во врска со минималната плата сметаат дека тоа треба да биде природен процес, а не наложено законско решение. Најпрво, сметаат треба да биде донесен законот за субвенционирање на платите, да се види ефектот, а дури потоа да се разгледува опцијата за зголемување на минималната плата.

Она од што компаниите најмногу стравуваат е оваа мерка да не се претвори во оправдување за паралелно да се зголеми минималната плата, за што и од нас и од меѓународните финансиски институции има реакции дека ако се вештачки наметнати може да донесат далекусежни последици, велат од ССК.

Предлог на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) е минималецот да се зголеми околу илјада денари.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во континуитет се залага и бара зголемување на минималната плата се со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства. ССМ укажува дека во услови кога синдикалната минимална кошница за јули 2019 година изнесува 32.653 денари, а само трошоците за храна изнесуваат 13.575 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата која согласно со европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 проценти од просечната плата во државата, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Во моментов минималната плата изнесува 12.507 денари.

 

 

 

Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, посочува дека со субвенционирање на делот на придонесите, со сигурност ќе се зголеми просечната плата во држвата и тоа во голема мера ќе значи легализација на износите што сега газдите им ги исплаќаат во плик на работниците.

-Што се однесува до минималната плата преговорите се уште траат. На последните преговори инсистиравме прво да се донесе законот за субвенционирање на платите да го видиме ефкетот од тоа па дури потоа да се размислува на зголемување на минималната плата. Сигурен сум дека мерката за субвенционирање на платите ќе придонесе за зголемување на просечната плата во државата од повеќе причини. Работодавачите кои даваат дел од платата во кеш за да избегнат придонеси ќе бидат дестимулирани тоа да го прават бидејќи ќе се плаќа само персонален данок и државата ќе ги плаќа придонесите, вели Димитров.