Се гради и последната патарина на Коридорот 10 кај Демир Капија. Според информациите на Јавното претпријатие за државни патишта , изведбата ќе заврши за 9 месеци.

Во моментов, кај наплатната станица Демир Капија на магистралниот пат Неготино-Гевгелија има времен режим на сообраќај до  2 март, соопшти  Авто мото сојузот на Македонија, поради  градежни активности за изградба на електронскиот систем за наплата.