Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август. Наместо 15, биле поскапени за 40 отсто, а во нив не биле вкалкулирани државните субвенции.
-Изминатите два дена голем број на граѓани до РКЕ поднесуваат поплаки за 40 отсто поголеми сметки. Во нив не е вкалкулирана субвенцијата, која ја дава Владата, и од тие причини имаме зголемени сметки. Со цел да се избегне непријатната ситуација, РКЕ бара БЕГ да испрати нови сметки со вкалкулираната субвенција, рече Бислимовски
Првиот човек на РКЕ сепак вели дека можно е да е дојдено до одреден административен пропуст и да истекол рокот на владината одлука за субвенционирање на топлинската енергија.
-Средствата во буџетот се обезбедени и има одредена одлука и ако и е поминат рокот, ќе се измени и ќе се потврди дека потрошувачите ќе ги добијат субвенциите. Сметките кои ги изготвеил и ги испратил БЕГ на 30 и 31 август, ќе бидат сторнирани и да испрати нови со вкалкулирана субенција и ќе нема никаков проблем сево ова да се изведе, наведе тој.
БЕГ, иако ги загуби лиценците, се уште управува со парно-греењето се додека Владата не одреди нов оператор до почетокот на грејната сезона.
Comments are closed for this post.