Протестот на претставниците на „Ивент индустријата“ се ставаат во мирување, откако денеска се повикани на средба со вицепремиерот Фатмир Битиќи во обид да се најде решение за овој сектор кој е „мртов“ од почетокот на пандемијата.

Асоцијација ИВАП попладнево соопшти дека средбата со Битиќи е закажан за в сабота во Владата во 10 часот.

Поради тоа, протестите кои веќе три дена траат пред Владата од утре ќе ги стават во мирување. Нивното повторно обновување ќе зависи од текот на разговорите и од евентуалното решение кое ќе биде постигнато.

Организаторите на протестите на „Ивент индустријата“ велат дека се свесни за економската состојба на државата, но укажуваат оти тие се една од најзагрозените гранки како последица на корона-кризата, и затоа бараат поголема помош и поддршка од Владата.