Полска иако е во Европската унија има се поголем проблем со иселувањето како и со одливот на мозоци.Затоа властите им ветуваат пари на младите да останат во земјата.

Сите млади до 26 години кои заработуваат до 22.500 долари годишно ќе бидат ослободени од данокот од 18 отсто на приходот.

Предвидени се и посебни парични бонуси за младите.

Ова ќе им донесе нови можности на младите кои ќе имаат услови слични на Запад-порача премиерот Моравјиецки.

Во последните 15 години откако Полска стана членка на ЕУ 1.7 милиони Полјаци се преселиле на Запад.