Најважната артерија на Турција го скратува растојанието меѓу двата града за 100 км. Автопатот ќе го поврзе Истанбул со Измир, што е на околу 515 км од метрополата.

Автопатот е најважната транспортна артерија.Растојанието меѓу двата града  е скратено за 100 км и  сега ќе стане 404 км.

„Новиот автопат ќе придонесе и за економијата на земјата и во  заштеда на време и пари. Ќе се создадат повеќе можности за транспорт на  производи дома и во странство“, рече министерот за транспорт и инфраструктура Јахит Туран.

Последните 192 километри од автопатот  ќе бидат  во употреба на 4 август, недела, кога треба и  турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган треба да сече лента.  Околу пет илјади лица се вработени во градежните работи што ги започнале во 2010 година.