Јаболкопроизводителите од Преспа бараат побрзо да им се исплатат парите од субвенциите чиј рок беше до 30 јуни. За ТВ Сител тие велат дека бараат разбирање, со оглед на тешката состојба во која се моментално заради штетата која ја претрпеа со силното невреме кое на 10 јули ja зафати Долна Преспа. Споре нив состојбата е прелоша како со пласманот на минатогодишниот род, така и со сегашната состојба која го зафати еден реон од Преспа. Велат дека треба да се исплатат околу 2 милиони евра. Освен исплата на субвенциите, бараат и реална проценка на штетите од невремето.

Немаме начин на егзистенција, цела Долна Преспа е на седативи и апчиња за смирување поради тешката економска ситуација. Молиме, апелираме до министерството што побрзо да се исплатат средствата од субвенциите 3 денари за индустриско јаболко и реална проценка на штетите кои се случија од невремето. Проценките се при крај, поминати се сите селски атари од страна на комисиите кои беа формирани од Општина Ресен, меѓутоа не знаеме точно, кога, како и што ќе се случи околу цената, дали е прогласена елементарна непогода и слично, вели Љубе Пампулевски, член на Работната група на јаболкопроизводители од Ресен.

Преспанските овоштари велат дека штетите од невремето се големи и ќе влијаат на родот во наредните две години.