Грчкиот бруто домашен производ по глава на жител е отиден во „црвено“ и тој е во многу голем јаз во однос на другите членки на ЕУ. Кризата во Грција драстично го намали БДП, па тој е помал и од некои поранешно источноевропски земји.

Според грчкото биро за статистика, ЕЛСТАТ во 2016 година БДП паднал на 16.378 евра, а во 2017 тој изнесувал само 67 проценти од европскиот поросек.

Пред влегувањето во кризата, Грција имаше БДП од 21.845 евра, а во 2009 тој изнесува 94 отсто од европскиот просек. Но, неколку години подоцна Грците влегуваат во криза и според куповната моќ паѓаат дури и под нивото на Балтичките земји.

Но, уште поинтересни се за анализа внатрешните разлики за БДП. Така, се уште најбогат регион е Атика со 22.204 евра и речиси воопшто не загубиле од стандардот. Испаѓа дека кризата ја платиле другите региони, најмногу источна Македонија и Тракија, каде БДП изнесува  11.432 евра.