Од вечерва на полноќ бензините и дизелот поевтини за два денари

22.01.2021 / 12:48


Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за два денара за литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се намалува за 13 денари и ќе изнесува 41,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот останува на исто ниво.

Како што сооптши Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), од ноќеска на полноќ цените ќе бидат: на ЕУРОСУПЕР БС – 95 61 денар на литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 63 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС 52,50, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 и мазут М-1 НС 30,823 денари за килограм.

РКЕ всушност изврши усогласување на Одлуката од 18.01.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со Законот за акцизи. Одлуката за усогласување ја донесе зашто престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

-Поради истекување на важноста на Уредбата што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата. Поради оваа состојба, РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи. Овие цени ќе важат се до донесување нова одлука, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбaта, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Мицкоски најави нова инвстиција во автомобилската индустрија Гентерм

пред 3 дена
Економија

Јавните финансии се стабилни, долгот е намален

пред 1 нед.
Економија

Мицкоски: Се воведува е-фактура, крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра од буџетот

пред 1 нед.
Економија

СДСМ за пругата која треба да се гради со британски пари

пред 2 недели
Економија

Мицкоски најавува ублажување на цените на прехрамбените производи

пред 3 недели
Економија

Раст на трговијата во индустријата од 6% и раст на преработувачката индустрија од 6,6 проценти

пред 3 недели
Економија

Николоски: Наредната недела ќе формираме Координативно тело и официјално почнуваме реализација на Договорот со Велика Британија

пред 1 месец
Економија

Мицкоски: Со 3,2 посто раст на БДП во првиот квартал, Македонија се рангира во петте најбрзорастечки економии во Европа

пред 1 месец
Економија

Митева: Оперативниот план за вработување низ девет стратешки и добро темпирани мерки ќе допре до над 16.000 граѓани

пред 1 месец
Економија

Николоски: Единствени сме во регионот со кого Британија има ваков договор, спремни сме и мотивирани да ги реализираме капиталните проекти

пред 1 месец