Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, информира дека на Самитот со ЕУ за транспорт одржан во Солун, одржал корисни разговори за големи инфраструктурни проекти кои ќе ја развијат економијата во регионот.

Македонија со својата геостратешка позиција е природна раскрсница на Балканот. Со големи инфраструктурни проекти ќе ја направиме Македонија значително подобро место за живеење“, вели Николоски.

 

Николоски додава дека на овој министерски самит за транспорт во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница зборувал за плановите и развојот на патната и железничката инфраструктура на Коридорот 10 и Коридорот 8

Овој самит е порака дека Коридорот 10 ќе го градат сите земји на коишто им припаѓа и ќе стане економски најзначаен коридор во Европа. Скопје – Солун ќе се патува за 1 час и 25 минути, Скопје – Белград ќе ќе се патува за 2 и пол часа, а товарен воз од Атина ќе стигнува во Виена за помалку од 24 часа, додека пак од Солун до Будимпешта за околу 12 до 14 часа“, вели Николоски.