Независната угостителска комора информира дека за денеска е откажана средбата со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи од оправдани причини, но дека очекуваат да се најдат на состанок со премиерот Зоран Заев.

Од таму велат дека Владата веќе решила да продолжи да им помага со субвенционирањето на платите. Сепак, бараат помошта да биде безусловна и да се работи за исплата на минимална бруто, а не нето плата. Тие очекуваат дека ќе се зголеми и работното време, бидејќи како што велат, само во нивната дејност е ограничено со вонредна мерка.

„Со оглед дека од страна на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата сме известено дека на договорената средба поради неодложни приватни обврски вицепремиерот Битиќи нема да може да присуствува на средбата доставивме барање наместо средбата во 14:30 да бидеме поканети за учество во работна средба со претставници на 4-те комори и владата во предлагањето и креирањето на 5-тиот сет економски мерки која се одржува истиот ден во 10:00 часот.

Во однос на доставените барањата и очекувањата од страна на Независната угостителска комора заедно со македонските здруженија за туризам и угостителство за петтиот сет економски мерки за помош и поддршка на економијата ја поздравуваме одлуката на Владата за продолжување на субвенција за плати за вработените во угостителската индустрија со очекување дека во конечната одлука истата ќе биде безусловна за угостителските работници во висина на бруто плата со што Владата прави огромен допринос во зачувувањето на секое работно место во угостителската индустрија.

Останува и понатаму очекувањето за реализација на работна средба со Претседателот на Влада за утврдување на штетата и загубата што е направена на угостителите со последната рестриктивна мерка со која се ограничува работното време исклучиво и само на угостителите и изнаоѓање на начини и можности со кои Владата ќе може истата да ја ублажи и надомести преку дополнителни ослободувања или со новиот петти сет економски сет мерки на финансиска помош и поддршка“, гласи објаснувањето на НУК