Бројот на невработени во Германија во септември е намален на 2,26 милиони што е најниско ниво од 1991 година.

Вкупниот број на оние кои бараат работа е намален за 94 илјади во однос на минатиот месец и за 192 илјади од истиот месец минатата година.

Невработеноста сега е пет отсто, соопштија властите.

– Бројот на работни места за кои се плаќаат социјални придонеси расте, и продолжува и побарувачката за вработување, изјави шефот на Агенцијата за вработување Детлеф Шеле