654 оператори со органски призводи се опфатени со Регистарот што ќе го промовира денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Преку овој Регистар потрошувачите имаат можност да добијат точни информации за сите сертифицирани органски производители, трговци, добавувачи и преработувачи на органски производи, а преку јавно достапните информации и директно да стапување во контакт со нив.

Министерот Љупчо Николовски посочи дека МЗШВ, посветува значително внимание на развој на органското земјоделско производство во Македонија.