Празни флоскули за грижата на СДСМ за поддршка на домашната економија. На вчерашната прес конференција на СДСМ од седиштето на партијата, најави владина поддршка за спасување на домашната економија.

Пратеничка на СДСМ, Даниела Маркоска, од партиското седиште најави владина поддршка со што директо го нарушува принципот на  департизацијата на државата за која силно се залагаше. СДСМ пред доаѓањето на власт. Сега СДСМ заборави да ја разграничи партијата од државата. Финансиските средства и парите за поддршка на комппаниите се од даночините обврзници во Македонија, а не од фамилијарните компании на премиерот Зоран Заев.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев и во новата, 2021 година продолжува со силна поддршка кон македонското стопанство, со цел брзо надминување на негативните последици од коронавирусот. Одобрена е првата група барања од КОВИД 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци и занаетчии. Преку оваа мерка, 5,9 милиони евра завршуваат кај 506 компании кои вработуваат 3.552 лица“, рече Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Наспроти ваквите помпезни најави за поддршка на компаниите во Македонија во изминатите 4 години владеење на СДСМ затворени се 28 илјади компании.

Податоците покажуваат дека само последнава година бројот на затворени компании бил 6,200, во 2019 година таа бројка е 5,099 затворени компании, во 2018 година 6,821 компанија била затворена, а до крајот на 2017 година дури над 10 илјади компании биле затворени во Македонија.

По последните податоци на Централниот регистар само годинава затворени се 6.200 компании најмногу во последниве три години, ако не ја земеме во предвид 2017 тата година. Само за последниве три години од почеток на 2018 година дури 10.755 компании ставиле клуч на врата, од кој најголем број од нив се микро или мали компании.

Податоците говорат дека неликвидноста е една од клучните проблеми за бизнисите особено за малите и микро компаниите кои се измачија и претходната година со пандемијата. Се очекува овој тренд да продолжи и во новава година ако не се променат мерките и политиките во насока во поголема помош за компаниите и свеж капитал во стопанството што најголем дел зависи од политиките на Владата и како таа управува и се справува со кризата.

Иста судбина ги снајде и оние компании кои затворија минатава година, 6,200 од нив ставиле клуч на врата, 500 од нив отишле под стечај,а 1200 иако ликвидни по барање на сопствениците. Дури над 80% од нив се згаснати компании кои биле микро или мали бизниси.

Ситуацијата ќе биде и полоша предвидуваат од Стопанската комора, затоа што бизнисите имаат многу проблеми, а и недостасува законски основ за јануари за исплата на субвенции за плати.