Владата му даде милион евра на АД Електрани на Северна Македонија за да ја уредува фасадата и просториите кои ги купија во поранешната зграда на ЕВН во строгиот центар на Скопје, објави Фактор.мк

Одлуката е донесена на владина седница на 29 декември за одобрување на средства од буџетот за 2020 година во износ од 61.000.000 денари, а трансакцијата е веднаш извршена по два дена, односно на последниот ден од минатата година, без посебно известување до јавноста.

Инаку невообичаено е ЕСМ како посебна компанија да добива пари од државата и своите трошоци ги покрива исклучиво од својот самофинансирачки буџет од продажбата на електрична енергија.

Целиот текст овде.