Предвремени парламентарни избори ќе значат нов удар за стопанството, категорични се од бизнис секторот. Наместо стабилност и сигурност, нови избори, според нив можат да донесат пад и стагнација на економијата.
Од Стопанската комора на Македонија бараат постреферендумскиот процес да заврши брзо и едноставно, затоа што политичката нестабилност може да ги одложи планираните инвестиции кај компаниите.
„Во услови кога има избори и кога има одредени кризи, дека стопанството не е имуно на такви состојби и дека се доведува во една ситуација на пад и на стагнација, а тоа го покажаа и последните податоци кога минатата година ја завршивме со 0,1% раст“, рече Билјана Пеева Ѓуриќ, Стопанската комора на Македонија.
Бизнисменот Венко Глигоров, кој е и поранешниот претседател на Сојузот на стопански комори истакна дека најдобро за економијата би било процесот да заврши во Парламент, а во меѓувреме да се решаваат проблемите, како на пример корупцијата и загадувањето
“Најдобро за економијата би било процесот да заврши во Парламент, наместо со избори. А власта во меѓувреме ќе треба да се погрижи да ги решава проблемите со загадувањето, корупцијата и превработеноста во администрацијата. Зошто во спротивно казната е зад аголот“ изјави Венко Глигоров, бизнисмен.
Премиерот Зоран Заев синоќа, најави дека доколку до крајот на неделава не биде постигнат договори со опозицијата за дво- третинско мнозинство потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуваат од Договорот за името со Грција , тогаш ќе бидат распишани предвремени парламетарни избори. Од овој процес ќе зависи и ребалансот на буџетот којшто беше најавен уште минатата недела.
„Ребалансот на Буџетот генерално е подготвен. Тој ќе се однесува само на алокција на поддршката на општините и за некои ситни работи, кои и дали ќе ги има или се дел од буџетот. Но, секако цело ова зависи од преговарачкиот процес за иднината на државата“, рече премиерот Заев, по денешното присуствo на првиот академски час на ФИНКИ.
Ребаланс на буџетот е потребен поради слабата реализација на капиталните инвестиции. За осум месеци изнесуваат само 23 отсто од планираните 400 милиони евра за годинава.
Доколку сакаме да постигнеме економски раст од 3,2 проценти до крајот на годината не се потребни непредвидени движења на домашната сцена или од надворешни фактори , велат од Стопанската комора на Р.М.
Comments are closed for this post.