Централната банка на Русија извести дека златните и девизни резерви на земјата достигнале 528,4 милијарди долари и така пораснале за 1,3 милијарди долари во една седмица.

Износот во меѓународни резерви бил над нивото на очекување на централната банка од половина милјарда долари во текот на 11 последователни седмици. Регулаторот објасни дека резервите пораснале благодарение на купувањето девизи.

Русија во последно време ги зајакнува своите меѓународни удели, а компанијата Фич предвидува дека таа бројка ќе се зголемува и ќе достигне 591 милјарда долари до 2021 година.

Само руските златни резерви, кои претставуваат 19, 6 проценти од вкупните национални резерви, во јули пораснале за 9 тона, со што руските залихи достигнаа 2,217,68 тони, во вредност од 101,923 милијарди долари.