Продажбата на автомобили во Индија падна во јули деветти месец по ред, заради што се поголем број производители на возила ги отпуштаат работниците и привремено го одложуваат производството со што трошоците би биле под контрола, стои во документите и изворите во кои Ројтерс имал увид.

Јапонскиот производител Тојота и јужнокорејскиот Хјундаи последни се во низата компании кои најавија паузирање на производството за да се изборат со падот на продажбата, наведува британската агенција, која ги добила на увид дописите до вработените во компаниите.

Индиската корпорација „Денсо“, која произведува клима-уреди за автомобилите, отпуѓтила 350 вработени. Компанијата „Белсоника“, која е во сопственост на најголемиот индиски производител на автомобили „Марути Сузуки“, а произведува делови, исто така отпуштила 350 вработени, велат изворите.

Британската агенција претходно месецов објави дека производителите на автомобили, компоненти и продавачи на возила во Индија веќе згаснале 350 илјади работни места.