Не знам од каде ваков оптимизам за раст на македонската економија од 2,8 % во услови кога има потфрлање на капиталните инвестиции, вели за Пресингтв, поранешниот министер за финансии Кирил Миновски, во однос на ревидираните стапки на раст од 3,2 на 2,8% со ребалансот на Буџетот.

Имавме ветувања од Владата дека капиталните инвестиции ќе бидат главен двигател на економијата, а денеска катастрофално ниско ниво на нивна реализација укажува на слаб проектен менаџмент на Владата, констатира Миновски.

Проекциите на ММФ за растот на БДП во 2018 година се 1,6%, од тој аспект не знам на што се должи таквиот оптимизам во услови кога има потфрлање кај капиталните инвестиции.  Во моментот носечки столб на економската активност се компаниите од слободните економски зони, за кои што постоечката Влада, додека беше опозиција спроведуваше сериозна антикампања сметајќи ги странските компании за штетни за македонската економија. Би сакал да истакнам дека во услови кога сите економии во регионот растат, во услови кога имам раст на БДП во Германија која што е наш главен економски партнер а чиј што пазар е наша главна извозна дестинација ние не испорачуваме речиси ништо во економијата, ние сме на дното во регионот„ вели Кирил Миновски, поранешен министер за финансии.

Владата со овој ребаланс  на Буџетот, обезбеди околу 50 милиони евра за финансиска поддршка на општините за да сервисираат значителен дел од нивните неизмирени обврски, како и на дел од неизмирените обврски на единките корисници основани од нив. Оваа мерка наиде на  огромно негодување поради тоа што  државата им  простува  на општините за неодговорното трошење на опшинските пари.

Според  Миновски, средствата за финансиска поддршка на општините се резултат на ткн „надувани“ приходи и расходи терминологија која што често ја користеше сегашната Власт кога беше опозиција.

“Погледнете ги податоците за планирани и реализирани приходи и расходи, како и податоците за задолжувањето и ќе видите дека Владата ништо не обезбедила туку потфрлила во проекциите и на приходната и на расходната страна и се задолжувала. Решението што се нуди за општините е парцијално и го наградува лошото и нетранспарентното работење на локалната власт и не нуди никаква гаранција дека таквите практики нема да продолжат во иднина“ истакна Миновски

Во меѓувреме до крајот на идната недела треба да заврши расправата по однос на поднесените амандмани и Ребалансот на Буџетот да се усвои од страна на пратениците.

Ребалансот на Буџетот на само два месеци пред истекот на календарската година само ја покажува неспособноста на владата да ги реализира капиталните инвестиции. За сметка на тоа , огромна сума на парични средства се пренаменуват за општините. На општина Тетово се одобруваат средства од 7 милиони евра.  Со ова,  само   се покажува и докажува  каде и да владеат дали на локално или централно ниво немаат капацитет за реализација на ниту еден проект. Се прашувам дали свесно коалицијата СДСМ и ДУИ не реализира ниту еден проект во Тетови и тетовско само за да имаат оправдување за побарување на средства од државата изјави Горан Манојловски од ВМРО ДПМНЕ

По однос на ребалансот, опозицијата поднесе 180 амандмани, а прифатени само два, поднесени од пратеничките Лилјана Затуроска и Невенка Стаменковска. Едниот амандман се однесува за обезбедување пари за санација на 20 километри цевководи, рехабилитација и доградба на пречистителна станица Враништа, а вториот прифатен аманднам се однесува на обезбедување средства за изградба на пристапен пат до археолошки локалитет Тауресиум.

Пратеничката Затуровска предложи амандмани и за реконструкција на патиштата долж охридско  струшкиот регион, но беа категорично беа одбиени сите нејзини амандмани со кратко објаснување дека за тие проекти треба да се обрат во јавото претпријатие за државни патишта.

Нашите амандмани се суштински и се однесуваат на реални потреби на граѓаните во Република Македонија со кои се обидуваме да направиме корекција на лошото водење на државата на локално и централно ниво. Но, за жал властите немаат многу слух за барањата на граѓаните, категорична беше и Невенка Стаменковска , од ВМРО ДПМНЕ

Инаку со реалансот на Буџетот,  најголемо кратење пари има кај капиталните инвестиции. Повеќе пари ќе добие Фондот за пензиско и здравствено осигурување, како и за раздолжување на општините.

Министерот за финансии  Тевдовски напомена дека со ребалансот на Буџетот се врши минимална корекција на неговата приходна и расходна страна. Дефицитот останува непроменет, а стапката на раст е ревидирана на од 3, 2 % на 2,8 %.