Мал е бројот на социјални претпријатија  и луѓето кои се вработуваат во нив, а допрва треба да се работи и на Закон за социјални претпријатија. Најчесто претпријатијата  се во делот на услугите, давање услуги кон ранливи категории на граѓани, компании за органско производство.  Ова беше кажано на конференцијата која се одржа денеска по повод создавање на Мрежата на социјални претпријатија.

Целта е да се постави рамка во која ќе делуваат овие претпријатија,а нивното вмрежување е клучно за нивниот развој. Во земјите од Европската унија во социјални преппријатија се вработуваат 10 милиони лица, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Ако развиеме социјална економија таа е добра за развој на вкупната економија вели министерката за труд и социјала Мила Царовска

Македонија не е исклучок од глобалните трендови, а има пилот проекти што ги организираме заедно со институциите вели директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски