На денот  на лозарите Свети Трифун , наместо да прославуваат  лозарите се закануваат дека ќе протестираат.

Бараат помош околу  проблемите со неисплатеното грозје предадено  во винариите од 2015 и 2016 година.  Лозарите велат дека винариите Стефанс Вајнери од Кавадарци и Повардарие од Неготино имаат најголем долг кон  лозарите

Бараат заштита од државата, а за  нивната мака и бедата во која се западнати му пишале писмо и на премиерот Заев од кого бараат помош во заштита на правата и трудот на лозарите и исплата на милионските долгови.

Министерот за земјоделство Николовски пак  одговори дека е во постојана  комуникација со лозарите и целосно е запознато со нивните проблеми, а Владата во овој период мора да ја затвори како прашање исплатата на долговите од винариите „Повардарие“ и „Стефани“ и лозарите да ги добијат своите пари.

Тој нагласи дека за утре е закажан состанок во Министерството со градончалниците на Кавадарци и Неготино, со пратениците од тој крај и претставници на.лозарите, а пртетходно ќе има и состанок со стечајниот управник на винаријата Стефани и со претставниците на банките.