Усогласувањето на пензиите со трошоците на живот двапати годишно обезбедува постојан раст изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Појаснувајќи, рече дека законската потреба се воведува за да не мора да се поместува старосната граница за пензионирање на 67 и за да не се замрзнуваат пензиите.

Варијантата која што е избрана, како што додаде Царовска, е средна варијанта која значи раст во континуитет дури и дополнително зголемување од четири проценти доколку БДП биде над четири проценти.

За растот на пензиите Министерката Царовска упати на статистичките податоци, според кои во 2016  просечната пензија изнсувала 13.754 денари, а минатата година 14.421 денар.

Одговорот на министерката следеше по вчерашната реакција од страна на Здружението на пензионери, од каде рекоа дека новиот начин на усогласување не овозможува раст на пензиите.