На денот на лозарите Свети Трифун , наместо да прославуваат лозарите се закануваат дека ќе протестираат.
Бараат помош околу проблемите со неисплатеното грозје предадено во винариите од 2015 и 2016 година. Лозарите велат дека винариите Стефанс Вајнери од Кавадарци и Повардарие од Неготино имаат најголем долг кон лозарите
Бараат заштита од државата, а за нивната мака и бедата во која се западнати му пишале писмо и на премиерот Заев од кого бараат помош во заштита на правата и трудот на лозарите и исплата на милионските долгови.
Министерот за земјоделство Николовски пак одговори дека е во постојана комуникација со лозарите и целосно е запознато со нивните проблеми, а Владата во овој период мора да ја затвори како прашање исплатата на долговите од винариите „Повардарие“ и „Стефани“ и лозарите да ги добијат своите пари.
Тој нагласи дека за утре е закажан состанок во Министерството со градончалниците на Кавадарци и Неготино, со пратениците од тој крај и претставници на.лозарите, а пртетходно ќе има и состанок со стечајниот управник на винаријата Стефани и со претставниците на банките.
Comments are closed for this post.