Регионалното здружение „Тиквешки лозари овоштари” бара средба со министерот за земјоделство. На таа средба, како што стои во реакцијата по одлуката на Владата за субвенција од по два денара по килограм грозје, би се разговарало за зголемување на прагот на шеќерни единици од страна на винариите кои ја намалиле цената за грозјето.

Регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари”, како што стои меѓу другото во писмената реакција, не се согласува со задоволството што го изразија од Здружението „Напредни лозари” поради најавената субвенција од два денара по килограм грозје од државата.

Ова, како што велат од новоформираното здружение, е поради тоа што цената на грозјето сезонава била пониска од ланската. Според нив, два денара по килограм би требало да биде субвенција поради сушата што годинава одзела дел од родот.