Кина најави дека го откажува увозот на месо од Канада, наведувајќи дека целото испорачано свинско месо ќе го врати назад во таа земја бидејќи санитарната инспекција открила остатоци од адитив за прехрана кои кинеските прописе не ги дозволуваат.

Како што е соопштено од кинеската амбасада во Канада, за време на инспекцијата откриени се дури 188 фалсификувани ветеринарни здравствени сертификати, што укажува на „очигледни безбедносни пропусти“, пренесува агенцијата Ројтерс.

Со цел заштита на безбедноста на кинеските потрошувачи, Кина презема итни превентивни мерки за заштита и побара од канадската влада да го откаже издавањето на сертификати за месото кое се увезува во Кина“, се наведува во соопштението објавено на официјалната интернет страница на кинеската амбасада.

Кинеската амбасада се надева дека канадската страна ќе пристапи со огромна важност кон овој инцидент и дека ќе ја завршат истрагата што е можно побрзо, порачуваат од амбасадата.

Канадската министерка за земјоделие Мари Клод Бибо соопшти дека канадската Агенција за храна и ветеринарство работат на решавањето на ова прашање и потврди дека се пронајдени „неавтентични извозни сертификати“.

Овој инцидент се однесува исклучиво на извозните потврди за Кина. Извозните сертификати кон другите земји не се погодени, наведува Бибо во соопштението.

Ројтерс потсетува дека односите меѓу Кина и Канада се затегнати од декември минатата година откако полицијата во Ванкувер ја приведе Менг Ванџу, главната финансиска директорка на компанијата Хуавеј, по налог на САД, заради наводни кршења на американските санкции кон Иран.

Кина од јануари до април увезла од Канада свинско месо во вредност од 235 милиони американски долари, што ја прават земјата трет најголем извозник, според официјални податоци.